Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон, на вчерашниот натпревар со Манчестер Јунајтед ја забележа својата 50-та средба без да прими гол во Лигата на шампионите.
41-годишниот чувар на голот на ПСЖ сочува својата мрежа во победата од 2:0 над Манчестер Јунајтед во првиот осминафинален натпревар од ЛШ. Италијанската легенда има 121 настап во Лигата на шампионите.
Тој е само третиот голман кој постигна повеќе од 50 „суви мрежи” во ова натпреварување, а пред него се само Едвин Ван дер Сар (51) и Икер Касиљас (57) натпревари. Може да се случи веќе на следниот натпревар Буфон да се изедначи со Дан дер Сар.