Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон кој има 42 години се согласи да го продолжи договорот со клубот, пренесува „Тутоспорт“.
Тековниот договор помеѓу Буфон и “Бјанконерите“ имаше важност до 30 јуни 2020 година. Според истиот извор, претседателот на Јувентус Андреа Ањели се договорил со Буфон да го продолжи договорот до 2021 година под истите услови. Договорот ќе биде официјално обновен кога ќе стане можно тоа односно по нормализирање на комуникацијата по пандемијата на коронавирусот.
Оваа сезона Буфон учествуваше на 11 натпревари за Јувентус од сите натпреварувања, во кои прими 9 гола, а на три средби не прими гол.