Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон е уверен дека убедливата победа против Барселона со 3-0 на гостински терен ќе им даде самодоверба на „бјанконерите“ за новите натпревари во Лигата на фудбалските шампиони.
42-годишниот голман во неколку наврати успеа да спречи опасни шутеви кон неговиот гол упатени пред се од големата ѕвезда на Барса, Лео Меси.
„Ние не дојдовме како фаворити, но, победивме со 3:0. Одигравме неверојатен натпревар, фантастичен. На патот ќе имаме подеми и падови, тоа треба да се издржи“ – нагласи Буфон.
