Италијанските медиуми објавија дека легендарниот голман, Џанлуиџи Буфон, добил понуда да се пресели во Саудиска Арабија.
Изворот наведува дека 45-годишниот чувар на мрежата на Парма може да заработи 30 милиони евра доколку се определи во текот на летово да ја напушти – „Чизмата“.
Буфон кој има уште една сезона од договорот со „млекарите, претходно играше за Јувентус и ПСЖ и беше стандарден голман на италијанската репрезентација.