Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, откри со каква порака ги мотивирал соиграчите пред денешното гостување кај Реал мадрид во Лигата на шампионите.
Бидејќи италијанскиот тим има речиси невозможна мисија да ја анулира негативата од првиот меч од 3:0, лесно може да се случи токму денешниот натпревар да му биде последен на Буфон во Лигата на шампионите. Запрашан дали очекува стоечки овации од гледалиштето на „Бернабе“, популарниот Џиџи имаше интересен одговор.
„Научив дека ништо не треба да очекувате во животот. Се сеќавам дека тука имам добиено убав спортски аплауз, но, навивачите на Реал не ми должат ништо. Не очекувам овации“ – вели Буфон