Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон потпиша договор со Париз Сен Жермен, објави „Скај Спорт“.
40-годишниот голман се согласи на двогодишен договор со клубот од Париз, кој ќе го води Томас Тухел во наредната сезона. Буфон играше за Јувентус од 2001 до 2018 година. Во овој период тој успеа да ја освои титулата во Италија 9 пати, но ги загуби сите три финалиња во Лигата на шампионите, во кои играше против Милан, Барселона и Реал Мадрид.
Засега неговата плата не е позната, но се шпекулира дека тој ќе заработува осум милиони евра по сезона, плус додатни бонуси.