Голманот Џанлуиџи Буфон сака да остане во ПСЖ и следната сезона. 41-годишниот ветеран минатото лето се приклучи на францускиот шампион откако му заврши договорот со Јувентус.
Во договорот за една година постои опција да се продолжи за уште една сезона. Буфон е категоричен дека не сака да го заземе местото на голманот на парижаните Алфонс Ареола. „Ако на Алфонс не му пречи и клубот ме сака, би можел да останам уште една сезона”, изјави Буфон за медиумите.
Буфон има одиграно 656 натпревари за Јувентус и 176 за Италија. Џиџи Буфон се очекуваше да се откаже од фудбалот по крајот на минатата сезона, кога се префрли на Пари Сен Жермен. Ттренер Томас Томвел често ги менува голманите на голот на неговиот тим.
На 12 февруари, ПСЖ ќе го игра првиот натпревар против Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.