Легендарниот фудбалски голман, Џанлуиџи Буфон, објави крај на кариерата на 45 години. Тој последната сезона ја одигра во неговиот матичен клуб Парма.
„Тоа е сѐ народе! Ми дадовте сѐ, јас ви дадов сѐ. Го направивме тоа заедно“, напиша Буфон на социјалните мрежи. Toj во 28-годишната кариера има една титула од Мундијалите и освои десет шампионски титули со Јувентус и една со Пари Сен-Жермен.
Во Серија А одигра рекордни 657 мечеви додека за „аѕурите“ има 176 настапи што е рекорд за голманите.