Нашите најдобри фудбалери со нерешените 1:1 против Бугарија на мечот одигран во Разград, ја започнаа новата сезона во групата 4 Ц во Лигата на Нации. Домаќинот поведе во 13. минута преку Десподов додека изедначувањето го донесе Милан Ристовски по само пет минути игра во вториот дел.
До крајот на средбата нашите репрезентативци имаа неколку шанси но, резултатот не се промени. Во судиското продолжение Французинот Пињар досуди пенал за Бугарија по наводно играње со рака на Муслиу, но ВАР покажа дека има прилепена рака на телото и судијата ја поништи одлуката за пенал.
Во вториот меч во нашата група селекцијата на Грузија на домашен терен лесно го совлада аутсајдерот Гибралтар со 4 спрема 0. Македонија во второто коло ќе гостува кај Гибралтар додека Бугарија ќе ги домери силите со Грузија.

