Бугарската фондација – „Македонија“ денеска испратила официјална понуда за купување на фудбалскиот клуб Вардар но, истата е веднаш одбиена, информираа од навивачката група – „Комити“.
Бугарите побарале 51-отсто од акциите искажувајќи подготвеност веднаш да вложат 300.000 евра како и дополнителни 500.000 по потпишување на договорот.
-До клубот пристигна финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација ‘Македонија’, која што сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот. Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА“, се вели меѓу другото во соопштението на Комити.