На денешниот состанок на Канцеларката Ангела Меркел со премиерите на 16-те сојузни држави беше пролонгирана одлуката околу продолжението на фудбалската сезоната.
Тоа значи дека германските клубови ќе мора да почекаат до наредната среда и да дознаат дали ќе добијат зелено светло да се вратат на тревнатите терени.
Со оглед на одложувањето, нема никакви шанси сезоната да продолжи на 9 мај како што претходно беше планирано од страна на челниците на фудбалската федерација. Сега како можна опција да продолжи се потенцира терминот по 16 мај.

