Бундеслигата е најпосетувано фудбалско првенство, според испитувањето на Меѓународната фудбалска опсерваторија на CIES. Студијата опфати 51 првенство во 42 различни земји за периодот 2013-2018.
Просечната посетеност на Бундеслигата е 43.302 гледачи, што ги остави на прво место во рангирањето, како што беше и во претходните испитувања. ПО Бундеслигата следуваат Премиер лигата (36.675 гледачи), Ла Лига (27.381), Мексиканска елита (25.582) и Серија „А” (22.967, а топ 10 го дополнуваат кинеската Супер лига, Лига 1, МЛС, Ередивизие в Холандија и Втора Бундеслига.
Што се однесува до клубовите, 5 од првите 10 на листата се од Германија. Лидер е Борусија (Дортмунд) со 80.230 гледачи на трибините, а по нив се Манчестер Јунајтед (75.218), Барселона (74.876), Баерн Минхен (73.781) и Реал Мадрид (69.822). Во првите 10 спаѓаат и Шалке 04, Арсенал, Хамбургер, Штутгарт и Атланта Јунајтед.