Едно од најстандардните имиња во екипата на Барселона, Серхио Бускетс постигнал договор со шефовите на клубот да потпише нов договор. Самиот играч ќе добие зголемување на платата и ќе стане еден од најдобро платените играчи на „Камп Ноу“.
Интересно е дека времетраењето на договорот нема да биде зголемен и тој ќе биде до 2021 година, а Барса ќе има опција да го продолжи за уште две години.
30-годишниот Бускекс е дете на фудбалската школа на Барселона и досега нема настапувано за друг клуб.