За играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, натпреварот од 32. коло во шпанската Примера со Кадиз (0:1) беше 674. за каталонскиот тим.
Овабеше објавено веднаш по натпреварот. Со тоа Серхио Бускетс се израмни со Андрес Иниеста по овој индикатор. Со одиграни 674 натпревари тој е трет во историјата на Барселона во моментов.
На второто место во натпреварите за Барселона е сегашниот тренер Чави – 767 натпревари. Лидер е Аргентинецот Лионел Меси , кој за Барселона настапи на 778 официјални натпревари. Бускетс за да го загрози Чави или Меси ќе мора да одигра уште најмалку 2 до 3 сезони во дресот на Барселона.