Синоќа во Атина (Грција) беше одигран натпреварот од 9. коло од квалификациите за СП 2022 година. Грција беше домаќин на Шпанија, средбата заврши со победа на Шпанија од 1:0, а оваа средба беше посебно значајна за еден фудбалер на репрезентацијата на Шпанија.
33-годишниот клучен играч за врска на Барселона и шпанската репрезентација Серхио Бускетс го одигра својот 133-ти натпревар во дресот на националниот тим. Според овој индикатор, тој стана трет, израмнувајќи се со новиот главен тренер на Барселона – Чави.
Пред нив се само екс голманот на Реал Мадрид Икер Касиљас (167) и дефанзивецот на францускиот ПСЖ Серхио Рамос кој е лидер со 180 одиграни натпревари за Шпанија.