Серхио Бускетс е многу блиску до трансфер во Интер Мајами, каде повторно ќе заигра со неговиот некогашен соиграч од Барселона, Лео Меси.
Играчот од средниот ред, кој како слободен играч си заминува од Барселона, во наредните денови и официјално ќе ја прифати понудата на американскиот клуб. Раководството на тимот вчера ја подобрило понудата до агентот на Бускетс, која била прифатена и од фудбалерот. Бускетс ќе потпише договор со Интер Мајами до 2025 година.