Фудбалерот од средината на теренот на екипата на Барселона, Серхио Бускетс, по вчерашниот пораз на гостувањето кај Леганес, истакна дека причина за поразот се бројните нереализирани шанси.
„Сега не можеме да бараме изговори, бидејќи игравме 11 на 11. Моравме да покажеме поубедлива игра, но ги промашивме шансите, и тоа не чинеше скапо. Јас сум загрижен за реализацијата, многу шанси пропуштивме“, изјави Бускетс по мечот.
За грешката на Пике, Бускетс вели дека таа е дел од тимската игра. По 6 кола Барселона се наоѓа на врвот со 13 бодови, а разликата со Реал остана иста, откако и мадриѓани „кикснаа“ на гостувањето кај Севиља.