Ракометарите на Бутел Скопје денеска ќе го имаат првиот меч со Алпла Хард во елиминациите за Европската лига на ЕХФ.
Австрискиот клуб во претходната рунда со две победи успеа да го елиминира Еурофарм Пелистер 2. Мечот под Алпите ќе започне во 18:45 часот. Реваншот е наредната недела во Скопје.
Дуелот ќе го судат Свавар Петурсон и Сигурдур Трастарсон од Исланд а ЕХФ делегат е Петр Новак од Чешка.