Нашата женска одбојкарска репрезентација ги доби противниците за ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025. Тоа се: Австрија, Швајцарија, Летонија, Израел, Грузија, Луксембург, Фарски Острови и Исланд.
Македонија ќе биде организатор на првиот турнир (30 мај-1 јуни) кога ќе ги одмери силите со Луксембург и Швајцарија. На вториот (6-8 јуни) ќе играме со домаќинот Фарски Острови и со Австрија. Во третиот викенд (13-15 јуни), Македонија ќе се соочи со организаторот Израел и Грузија.
Македонската женска одбојкарска репрезентација дебитираше во Сребрената Европска лига во 2023 година.