Македонските одбојкарски репрезентации (мажи и жени) ги добија противниците во групната фаза од квалификациите за ЕП во 2026 година.
Одбојкарите ќе играат со Грција и Грузија додека одбојкарките ќе се сретнат со Грција и Австрија. ЦЕВ реши да ги формира групите според рејтингот во двете конкуренции. Ќе се игра по приципот дома-гости во краток период или по две врзани кола во август 2024 и во истиот месец догодина.
Во квалификациите има седум групи со три земји. Место на шампионатот ќе обезбедат победниците и петте најдобровторопласирани.