Незадоволни од играта и резултатите на екипата, раководството на Баер Леверкузен реши да го ослободи од функцијата тренер на екипата Џерардо Соане, а тоа се случи пред се поради лошата форма на стартот од новата сезона. Веднаш на негово место клубот го ангажира Чаби Алонсо.
40-годишникот Алонсо има искуство со работа во младинскиот тим на Реал Мадрид и Реал Сосиедад. И во минатото неговото име се поврзуваше со Бундеслигата, кога Борусија Менхенгладбах наводно беше заинтересирана за него.
Баер Леверкузен успеа да освоои само пет бода од осум натпревари во домашното првенство, а во Лигата на шампионите победи на еден од три натпревари.