Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, зборуваше за напаѓачот на својот тим, Гонзало Гарсија Торес, кој постигна хет-трик во натпреварот од 18-то коло од Ла Лига против Бетис (5:1).
„Тоа беше натпревар од соништата за Гонзало. Играњето на „Бернабеу“ во неговата прва сезона со сениорскиот тим и постигнувањето хет-трик не се случува често. Многу сум среќен за него и неговата секојдневна работа, без разлика дали игра или не. Тој е одличен пример за производ на нашата академија и му честитам за неговата изведба. Го охрабрувам да продолжи со добрата работа. Модерниот фудбал бара тимска работа без топка. Начинот на кој напаѓачите го иницираат пресингот е клучен, без разлика дали станува збор за висок пресинг или некоја друга комбинација – и Гонзало совршено го разбира ова. Тој има одлична брзина и кога е во комбинација со неговите квалитети за постигнување голови и дефанзивни вештини, секогаш ќе придонесува за перформансите на тимот“, рече Алонсо по натпреваро со Бетис.

