Тренерот на фудбалерите на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, изјави, дека не знае ништо за понудата од Кина за капитенот Аријан Адеми.
Тој вели дека за сите информации прочитал во медиумите и дека во клубот нема ништо пристигнато за македонскиот репрезентативец.
„Тоа го прочитав во медиумите. Преодниот рок во Кина е отворен до април. Не знам ништо за понудата за Адеми – рече Чачиќ кој ја има паралелно и улогата на спортски директор.