Фудбалерот на Белгија, Насер Чадли, беше огорчен по поразот од Франција кој не му дозволи на неговиот состав да остане на патот кон шампионскиот трон на собирот во Русија. „Црвените ѓаволи“ загубија со минимални 1-0 откако Умтити успеа да погоди по добро изведениот корнер.
„Тешко ми е да кажам зошто загубивме.Можеби само еден момент го реши победникот. Сега не е значајно да се анализира. Тие можеби ја заслужија победа “, рече Чадли во интервјуто за – „Блиц“ веднаш по вчерашниот меч во Санкт Петербург.
Белгијците сега ги очекува мечот за бронзениот медал кој ќе се одигра в сабота во попладневниот термин.