Турскиот фудбалер во редовите на Интер, Хакан Чаханоглу, се огласи на социјалните мрежи по вчерашната победа во градското дерби со Милан.
„Нероаѕурите“ со трите бода ја освоија и теоретски титулата во Серија „А“. Чаханоглу кој во минатото играше за Милан и беше на удар на фановите, сега искористи шанса да им се реваншира.
-Секогаш мирен, секогаш трпелив, секогаш сконцентриран и сега награден – напиша Чаханоглу на профилот на –„Инстаграм“.