Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкупи, утре на Гибралтар против Линколн Ред Импс ќе го одигра реванш мечот од 1. коло во квалификациите за ЛШ. По победата од 3:0 на мечот во Скопје, Шкупи со една нога е во 2. рунда.
„Секако дека имаме позитивен резултат од првиот натпревар и среќни сме поради тоа, тоа не можам да го негирам, но мора да бидеме внимателни и не смееме да дозволиме да се случат изненадувања во реваншот. Знам дека ќе играме на вештачки терен, па веќе неколку дена тренираме на таков терен. Во текот на целиот натпревар мораме да бидеме посветени, ќе дадеме максимум во надеж дека ќе одиме во второто коло“, вели капитенот на тимот од Чаир, голманот Кристијан Наумовски.
Реваншот во Гибралтар е закажан за утре од 18 часот.