Репрезентативецот на Турција и член на италијанскиот Милан, Хакан Чалханоглу, не крие дека е максимално разочаран по елиминацијата од Европското фудбалско првенство уште по првата групна фаза.
Неговата репрезентација не успеа да освои бод во групата „А“ откако загуби од Италија, Велс и Швајцарија. Турците постигнаа 1 гол а примија осум.
„Јас сум многу разочаран од нашата игра и резултатите. Треба да ги видиме грешките и да учиме од нив. Не смееме да ја наведнеме главата. Ние сме млади и можеме подобро“ – потенцираше репрезентативецот на Турција.

