Човекот кој со својот погодок го реши синоќешното дерби меѓу Интер и Барселона во Лигата на шампионите, Хакан Чалханоглу ја коментираше победата со голот кој го постигна по додавањето од Федерико Димарко.
„Денеска ја прикажавме играта што сакаме да ја видиме. Ја покажавме нашата вредност, сите добро одиграа дури и во фаза на одбрана. Секогаш се бориме за тренерот, тој виде дека сме тим што се бори за него. Денеска видовме дека сите се борат еден за друг. Овој став беше клучот за победата вечерва“, вели Турчинот.
Интер обезбеди шест бода и се искачи на второто место на табелата во групата Ц.