Напаѓачот на ЦСКА Москва, Федор Чалов, влегува во радарот на Галатасарај. Тренерот Окан Бурук сака да го види 25-годишниот фудбалер во турскиот тим иако претходно рускиот тим ги демантираше информациите.
Чалов во претходната сезона постигна 24 гола на 41 натпревар и даде шест асистенции. Неговиот договор ќе истече во декември 2024 година.
Фудбалерот од февруари до јуни во 2022 година беше на позајмица во швајцарскиот состав Базел.