Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Емре Чан, ги опиша шансите на својот тим да ја освои титулата во Бундес лигата, откако загубија 0:1 од Баерн Минхен во дербито од 28. коло.
Со оваа победа, Баварците имаат 64 поени и се одлепија на плус седум во однос на Борусија Дортмунд, која е втора.
„Мора да бидеме реални, Баерн ќе стане шампион, освен ако не се случи нешто необично. Денес одигравме добро, натпреварот беше рамноправен и секоја екипа можеше да победи. Сепак, ние не ги искористивме нашите шанси и за жал загубивме”, рече Чан.