Емре Чан ќе потпише четиригодишен договор со италијанскиот шампион Јувентус, објавија медиумите од Италија.
За преминувањето на полудефанзивецот на Ливерпул кај „Старата Дама“ се знае веќе подолго време, исто така се тврдеше дека договорот практично е формалност. Во текот на оваа недела, Чан, исто така, ќе помине медицински тестови, а бидејќи во Јувентус доаѓа како слободен играч ќе добие и прилично добра плата.
Можно е наскоро зделката да биде потврдена и официјално од Јувентус, кој се надева дека за почетокот на новата сезона Германецот ќе ги надмине проблемите во грбот, поради кои беше изоставен од составот на Германија за светското.
Инаку од Ливерпул исто така индиректно потврдија за разделбата со играчот, кој помина 4 години на „Енфилд”, откако пред неколку дена потпишаа со фудбалерот на Монако Фабињо кој доаѓа на местото на Чан.