42-годишниот шпански стручњак на клупата на Барселона, Чави, на прес-конференцијата по синоќешната победа во Чешка над Викторија Плзен, истакна дека неговиот тим со истиот елан ќе продолжи и во Лигата на Европа.
„Оценка на нашиот настап во групната фаза од Лигата на шампионите е секако неативна. Имавме шанси да влеземе во плеј-офот, се зависеше од нас, но не успеавме, не ги искористивме сопствените можности. Сега сме фаворити во Лигата на Европа. Тоа е големо натпреварување, и во него ќе се бориме за освојување на трофејот“, вели Чави.
Барселона освои седум бода на шест натпревари и го зазеде само третото место во групата „Ц“ што беше доволно само за пласман во Лигата на Европа следната пролет.