Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернадес, кој се врати во клубот како тренер, вели дека Осман Дембеле, мора да остане кај Каталонците. Стратегот очекува младиот Французин да потпише нов договор за да може да го искористи максимално неговиот потенцијал.
„Дембеле мора да продолжи во Барса. На позицијата како крилен напаѓач може да биде најдобар играч во светот. Продожување на договорот е приоритет“ – вели Чави.
„Мора да му помогнеме да ги избегне повредите. Мора да ги превенираме тие ситуации, не смееме да дозволуваме да се случува тоа. Ќе работиме напорно во теретаната за да се реши проблемот“ – најави Чави.