Барселона вчера успеа да ја совлада Алмерија со 3:2 и да освои нови бодови во најсилната фудбалска конкуренција на Шпанија.
Иако домаќините се вложија максимално за да ја остварат целта, нивниот тренер, Чави, упати критики за односот на фудбалерите.
„ Tимот го нема истиот дух што го покажа во шампионската сезона. Ни недостасува агресија и концентрацијa“ – изјави Чави незадоволен што Каталонците примија два гола.