Поранешниот шпански репрезентативец Чави, кој сега ја предводи Барселона, го сподели своето мислење за фаворитите за Светското првенство во Катар 2022 година.
Интересно, тренерот на Барселона не ја именуваше шпанската репрезентација меѓу главните фаворити. Според него, главни претенденти за победа на Мундијалот се Бразил и Аргентина.
„Фаворити за Светското првенство во 2022 година? Можеби ги гледам Бразил и Аргентина чекор понапред од Европејците. Нејмар и Меси изгледаат многу добро. Добри шанси имаат и Франција, Шпанија, Португалија, Англија, Германија, Белгија и Хрватска.
Шпанците? Секогаш има надеж. Луис Енрике изгради добар тим и е одличен тренер. Тој е идеален тренер поради неговиот карактер. Треба да верувате во тимот, јас сум оптимист за шпанската репрезентација“, изјави Чави за „Sport.es“ Чави.