Тренерот на катарскиот клуб Ал-Сад Чави Ернандез изјави дека е излечен од коронавирусот.
„Ви благодарам многу за сите пораки и изрази на љубов што ги добив овие денови. Сакам да споделам со вас дека се опоравив и се вратив дома со семејството и тимот“, напиша Чави на својот Инстаграм.
Ќе потсетиме, Чави неодамна го продолжи договорот со катарскиот Ал-Сад, кој го води од 2019 година. Договорот содржи опција да му се овозможи на 40-годишниот шпански тренер да замине во Барселона. Чави (40) својата кариера ја градеше низ настапите во Барселона. Кога беше фудбалер, тој ги бранеше боите на клубот 17 години.
По крајот на својата кариера, екс-играчот од средниот ред мина четири години на Ал-Сад, а минатата година ја презеде функцијата тренер на тимот и го доведе до победа во Купот на Катар.