Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, е вклучен во составот на тимот за претстојниот натпревар од Ла Лига против Осасуна, објавија од каталонскиот тим.
35-годишниот ветеран претходно најави дека заминува во пензија по мечот со Алмерија кој неговиот тим го одигра на „Камп Ноу“. Неговото присуство во составот на Барселона е поради проблеми во составот.
Чави нема да му дозволи предвреме да замине, затоа што го гледа како солуција во последната линија за последните годинешни дуели во Ла Лига.