Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган е блиску до преселба во Барселона. Ова го пренесува „Diario Sport“.
Според истиот извор, Гундоган пред неколку недели усно се договорил со Барселона за тригодишен договор, кој ќе почне да функционира откако ќе истече договорот на германскиот играч за врска со Манчестер Сити.
Се истакнува дека главниот тренер на каталонскиот клуб Чави одиграл голема улога во преговорите. Тој го убедил играчот дека ниту еден друг клуб не може да и парира на Барселона. Во продолжение Чави му гарантираше на Гундоган место во стартниот состав. Претходно беше објавено дека ПСЖ е заинтересиран за 32-годишниот Германец.
Во сезоната 2022/2023, играчот од средниот ред одигра 50 натпревари за Манчестер Сити, постигнувајќи 11 гола и седум асистенции.

