Тренерот на Барселона Чави ќе се обиде да го убеди Серхио Бускетс да остане во Барселона и следната сезона.
Шпански „АС“ тврди дека главниот тренер на Барселона ќе се сретне со играчот од средниот ред во следните неколку дена за да дознае какви се неговите планови за во иднина. Сите во клубот, од играчи до директори, чувствуваат дека Бускетс сака да си замине на лето кога ќе му истече актуелниот договор со Барса. Чави ќе се обиде да влијае на одлуката и да го убеди дека за него има сигурно место во тимот.