Манчестер Јунајтед и Барселона денеска на „Олд Трафорд“ ќе ја отворат нивната 1 /4 финалнат пресметка во Лигата на фудбалските шампиони. Во пресрет на мечот кој предзвикува големо внимание, дел од поранешните ѕвезди се обидоа да направат анализа и да најават што може да да очекуваме.
Меѓу нив е некогашниот капитен на Барса, Чави, кој апсолутно во сите сегменти им дава предност на Каталонците. Тој вели дека тимот предводен од Лео Меси, има предност во однос на Јунајтед на секој дел од теренот (со оценки 8:7 во одбраната, 9:8 во средниот ред и 10:9 во нападот), со исклучок на голманската позиција каде проценува дека и двата тима имаа израмнети сили поради квалитетите на Де Геа (Ман. Јун) и Тер Штеген (Бар).
„Де Геа е еден од најдборите во светот. Јунајтед има резултати кои не ги заслужи благодарение на него. Тер Штеген се претвори во еден од најдобрите на неговата позиција а има и големо искуство во Лигата на шампионите“ – објасни како размислува Чави .
