Тренерот на фудбалерите на Баселона, Чави, по триумфот против белгискиот Антверпен, вели дека е задоволен од формата на тимот.
„Среќен сум поради резултатот а најмногу поради начинот на кој игравме. Првично не користевме пресинг а од 20-та. минута ја контролиравме играта, доминиравме во посед на топка и брзо ги корегиравме грешките“ – вели Чави.
„Очигледно е дека нивото на игра се подигна со доаѓањето на Гундоган, Кансело и Феликс. Последните два меча беа одиграни на највисоко ниво откако сум тука“ – рекол Чави.