Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави Ернандез, има намера да направи освежување во одбраната. Тој сака да се раздели со Самуел Умтити, Клемент Ленгли и Оскар Мингеса.
Според најавите, Чави ги планира Андреас Кристенсен од Челзи и Жил Кунде од Севилја. Како опција влегува и Матијас де Лихт од Јувентус.
Каталонците наводно се заинтересирани и за Цезар Аспиликуета од Челзи и Хозе Гаја од Валенсија.