На крајот на јануари тренерот на Барса, чави објави дека ќе го напушти каталонскиот клуб. Веднаш по тоа дојдоа четири победи и два нерешени меча.
„Ова прашање не е на дневен ред, бидејќи ништо не е сменето. Одиме чекор по чекор, се подготвуваме за натпреварот со Атлетик. До денес нема промени“ – вели Чави.
„Забележав дека тимот стана поодговорен и поконкурентен. Играме со голема динамика, но тоа треба да се покажува на секој натпревар.По одлуката за заминување се обединивме“ – потенцираше тренерот на Каталонците.

