Поранешниот легендарен играч на Барселона, Чави , сега тренер на Ал Сад од Катар, ја прифатил понудата да се врати во каталонскиот клуб како главен тренер следната сезона, објави „Мундо Депортиво“.
Тоа би значело дека сегашниот тренер на Барселона на Кике Сетиен ќе мора да замине од клубот по завршувањето на сезоната односно ќе биде отпуштен. Според изворот, пред да го поканат Чави од Барселона, раководството на клубот морало да ја побара поддршката на фудбалерите од клубот за ова прашање. На 40-годишниот поранешен играч од средниот ред ќе му биде понуден договор со плата од 6 милиони евра годишно.
Претходно беше објавено дека меѓу играчите на Барселона и Сетиен по завршувањето на натпреварот од 32-то коло со Селта (2:2) имало конфликт. Играчите не се согласуваат со индивидуалните методи на работа на тренерот. Тие веруваат дека нема да успеат ако ништо не се промени.