Барселона иако се соочува со финансиски проблеми изненадувачки останува крајно активна на трансфер пазарот.
Каталонскиот гигант испратил понуда од 65 милиони евра за фудбалерот на Севилја, Жул Кунде.
Францускиот интернационалец иако се поврзуваше со Челзи, веројатно ќе се пресели на „Камп Ноу“, објавија денеска шпанските медиуми.

