Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ја прокоментира победата на неговиот тим со 1:0 против Атлетико Мадрид, во средбата од 15. коло на Ла Лига.
Тренерот на Каталонците го пофали целокупниот учинок на тимот, како и го коментираше доброто издание на најдобриот стрелец Жоао Феликс на натпреварот.
„Игравме многу добро денеска и Атлетико притисна во второто полувреме. Можеби го одигравме нашиот најдобар натпревар во сезоната. Видов како работи Феликс, ја зема топката, добро ја избира позицијата, комуницира со Кансело. Гледам дека е среќен, активен, задоволен кога игра. Пред натпреварот му реков да остане смирен бидејќи дополнителната мотивација го турка уште повеќе и има можност да ја премине линијата. Играше многу паметно. Жоао исто така се претстави многу добро, мило ми е што е дел од тимот“, изјави Чави за шпанскиот весник „Марка“.

