Чави Ернандез кој доби отказ од тренерската позиција во екипата на Барселона, вели дека е подготвен да се врати во иднина во редовите на каталонскиот фудбалски гигант.
„Зошто да не? Би сакал. Уживав во мојата работа, но и страдав. Не ја затворам вратата на себе“ – вели Чави.
„Се надевам дека ќе имам шанса да се вратам. Невозможно е да се замисли такво збогување но, тоа се случи. Ова е одлука на клубот“ – рече Чави.

