Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави Ернадес, постави рекорд во Шпанија откако неговиот тим вчера славеше минимално кај Мајорка со 1-0 благодрание на голот на Левандовски.
Тоа беше 18-ти меч без пораз на гостувањата за Чави кој успеа да го помине рекордот кој претходно го имаше Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид.
„Рекордот нема да има значење ако не освојуваме трофеи. Добро работиме но, мораме да се радуваме на пехарите“ – вели тренерот на Каталонците.