Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, има големи проблеми во ростерот за денешниот меч со Шахтјор во 3 коло во Лигата на шампионите.
Под знак прашалник се Педри, Френки де Јонг, Роберт Левандовски и Рафиња додека надвор од терените се и Жил Кунде и Серхи Роберто. Гави е суспендиран поради исклучувањето во Порто.
Кога ќе се погледне списокот на играчи за натпреварот, тренерот на Барселона на располагање има само 12 првотимци.