Новиот тренер на Барселона, Чави утре, 9 ноември, ќе го одржи првиот тренинг со тимот, пренесува „Фудбал Еспања“, а тоа значи дека Чави веднаш ќе се фати за работа на својата нова позиција.
Претходната недела беше официјално потврдено дека Чави го напушти катарскиот клуб Ал-Сад и се сели на клупата на Барселона. Во каталонскиот клуб тој го замени Роналд Куман, кој претходно беше отпуштен. Официјалната презентација на Чави ќе се одржи денеска, 8 ноември. На церемонијата се очекува да присуствуваат околу 25.000 фанови. А од утре новиот тренер на тимот ќе го започне тренажниот процес.
Според некои информации, поранешниот клуб на Шпанецот Ал Сад барал 5 милиони евра за трансфер на тренерот. Половина од оваа сума ја платила Барселона, а вториот дел го платил самиот тренер.